Од црква во Кратово украдени 60.000 денари

135

Непознат сторител во периодот меѓу 24 и 28 февруари насилно ја отворил влезната врата од црквата „Свето Воведение на пресвета Богородица“ во кратовското село Шлегово и одзел околу 60.000 денари.

Од МВР информираат дека извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.