Од струен удар починал 21-годишен градежен работник

1303

Дваесет и едногодишен вработен во градежна фирма  Џ.В. од скопското село Моране вчера починал од струен удар додека на ул. „Герника“ се изведувале градежни работи – истовар на цигли од товарно возило со кран. 

МВР соопшти дека случајот бил пријавен вчера во 13 часот. Несреќата се случила откако  дел од кранот се заплеткал во жици со електричен напон, при што Џ.В., кој стоел непосредно до кранот, починал како последица на струен удар.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата.