Од спортска обложувалница во Битола украдени 150.000 денари

130

Две маскирани лица синоќа ограбиле Спортска обложувалница на улицата „Прилепска“ во Битола.

Како што соопшти МВР, околу 22:40 часот било пријавено дека две маскирани лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработениот при што одзеле околу 150.000 денари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.