Одложено судењето за несреќата кај Ласкарци

221
Фото: Игор Бансколиев

Судењето за катастрофалната несреќа кај Ласкарци во која животот го загубија 16 лица, кое беше закажано за денес, беше откажано поради отсуство на еден од обвинетите. Според судот, причината за отсуството на обвинетиот е операција. Наредното рочиште е закажано во октомври.

На обвинителна им се суди поради тешки дела поради безбедноста на луѓето и сообраќајот. Обвинителството ги гони сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо Турс“ Ремзи Мифтари, кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, исто така и Горан Дуковски, Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски. Во судницата беа присутни и нивните адвокати, како и адвокати на оштетените.

Според обвинителот Дарко Јакимовски, уреди за лажирање на брзината биле ставени во автобусот на „Дурмо Турс“, а тројцата контролори во станицата за технички преглед требало да спречат автобусот воопшто да влезе во сообраќај. Но, автобусот возел цели 16 дена по неколку тури на ден на истата релација.