Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

204

Бизнисменот Сеад Кочан, сепак, ќе треба да почне да ја издржува затворската казна од четири години и осум месеци за случајот „Труст“, на 17 јули, откако Основниот суд Скопје не ја прифати неговата молба за одлагање на казната.

– Ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката – соопшти Основниот суд Скопје.

Кочан треба да се појави в затвор за две недели, Според одлуката на судот, .

Претходно, Кочан со првостепената пресуда беше осуден на шест години затвор, а Василије Авировиќ на три години затвор. Обвинетите беа осудени за злоупотреба на постапка за јавна набавка. И двајцата добија забрана за вршење дејност и да бидат управители или одговорни лица на правно лице во траење од три години. Третообвинениот во предметот, Сафет Ватиќ, беше ослободен од обвинението, како и неговата фирма „Вато“ ДООЕЛ.

На обвинетиот Авировиќ во предметот „Труст“, скопска Апелација потоа му изрече алтернативна мерка условна осуда, казна затвор во траење од  две години која нема да се изврши доколку обвинетиот за време од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Правните лица „Трансмет“ и „Силекс неметали – Кратово“ добија парична казна од два милиони денари. И двете фирми добија забрана за учество во јавни набавки за три години. Судот определели за нив и конфискација на имот од една милијарда и 60 милиони денари.