Одбиено барањето за укинување на притворот на Јанева

243
Фото: Игор Бансколиев

Судија на претходна постапка ја одби понудената гаранција од разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева за укинување на притворот. Одлуката е донесена откако Обвинителството за гонење на организиран криминал дало негативно мислење.

Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја застапува Јанева, поднесе барање за укинување на мерката притвор, а како гаранција беше понуден имотот на Јанева.