Ограбен таксист во Скопје

94

Три непознати лица ограбиле таксист во скопското село Морани, соопшти денеска МВР.

На 19.08.2018 година во 00.05 часот во Единицата за информации и команда Скопје, М.Г. (58) од Скопје пријавил дека на 18.08.2018 година околу 23.40 часот во с.Морани три непознати лица извршиле разбојништво над него.

Со такси возило ги превезувал лицата и кога застанал да наплати, едно од лицата со закана со нож му одзело околу 2.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.