Ограбен маркет во Тетово

96

Маскирани разбојници вчера со закана со ножеви ограбиле маркет во Тетово.

Како што соопшти МВР, на ул. „Штипска“ во Тетово четворица маскирани од вработените ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.