Во одделни кражби, вчера биле украдени осум телевизори и пари од дневниот промет во три обложувалници во главниот град.

Во обложувалница на улицата „Шидска“, едно лице извршило тешка кражба, при што биле одземени осум телевизори, додека вчера во спортска обложувалница на булеварот „Февруарски поход“ едно лице со закана со оружје ги одзело парите од дневниот промет.

Од МВР информираат дека вчера било пријавено дека во спортска обложувалница на улицата„Благоја Стефковски“ во Скопје две лица со закана со оружје од вработените одзеле пари од дневниот промет и од сефот.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.