Ограбена бензинска пумпа во Гази Баба

706

Вооружени разбојници рано утрово ограбиле бензинска пумпа лоцирана на улицата Перо Наков, соопшти полицијата.

Според истиот извор, две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво и одзеле 6.000 денари по што со моторцикл го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.