Овчар пукал во волци, застрелал штипјанец

440

Дваесет и деветгодишен штипјанец бил застрелан од ловечка пушка во атарот на гевгелиското село Негорци, соопшти МВР.

Според истиот извор, во атарот на селото Негорци на место викано „Смрекова чука“, К.К. (52) од Негорци, додека се враќал кон неговиот имот со козите се посомневал дека во близина има волци и испукал од ловечка пушка, што ја поседувал со дозвола. Потоа К.К., според негово кажување, се упатил кон местото и го нашол И.В. (29) од Штип со повреди во потколениците. Потоа К.К. со свое возило го однел И.В. во Општата болница во Гевгелија.

Известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.