Уапсени насилниците кои тепаа девојче во Штип, по снимката објавена на социјалните мрежи

2365

Во врска со видеото со насилство врз девојче кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека двајцата насилници се идентификувани и уапсени. Станува збор за лица со иницијали С.А и П.Р.

За настанот веќе известени се и основното јавно обвинителство и надлежниот центар за социјални работи.

Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот.

Корисниците на социјалните мрежи од утрово споделуваа видео со исклучително вознемирувачка содржина, на кое се гледа како двајца мажи тепаат девојче во влез на зграда.

Полицијата ги идентификуваше двајцата насилници кои брутално се однесувале кон девојче во Штип, откако на социјалите мрежи се појави видео кое предизвика револт и бурни реакции во јавноста. Корисниците на Фејсбук од утрово споделуваа видео со исклучително вознемирувачка содржина во кое се гледа како двајца мажи тепаат девојче во влез на зграда.

Заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, потврди дека полицијата постапува во врска со објавеното видео и најави најстроги казни за ваквото нечовечко однесување.

– На социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување – објави таа на Фејсбук.

Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи…

Posted by Slavjanka Petrovska on Четврток, 02 април 2020