Обжалена пресудата за возачот кој прегази девојка на „Партизанска“

116

Основното јавно обвинителство Скопје ја обжали пресудата на Апелацискиот суд кој му ја намали казната на возачот кој во 2015 година ја прегази студентката Фросина Цековска од Крива Паланка на „Партизанска“, кај Универзална сала.

-Жалбата до Врховниот суд е поднесена по две основи – поради суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка, како и поради одлуката за изречената кривична санкција од Законот за кривична постапка, велат од Обвинителството.

Со поднесената жалба, Основното јавно обвинителство Скопје му предлага на Врховниот суд да ја преиспита донесената пресуда на Апелацискиот суд со која затворската казна на 29-годишниот скопјанец Љубиша Видојковиќ, му беше намалена од четири на три години.