Обвинителството презема истражни дејствија во врска со смртта на Саздовски

110

Основното јавно обвинителсто Скопје презема истражни дејствија за утврдување релевантните факти во врска со претепувањето до смрт на младиот Никола Саздовски.

– Јавното обвинителство презема истражни дејствија за утврдување  на факти, велат за МИА од Обвинителството.

Двајцата од напаѓачите на Саздовски се во притвор во затворот „Шутка“, а по третиот полицијата се уште трага.

Тројцата се осомничени дека на 29 јуни брутално го претепале младиот Никола Саздовски на автобуска постојка во скопската населба Автокоманда.

Момчето почина завчера на КАРИЛ, каде беше примено пред десетина дена со тешка повредата на мозокот.