Обвинителството отвори предмет за одлуките за додатоци на плата за членовите на Судскиот совет

91

Oсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас по објавите на медиумите за донесените одлуки на Судскиот буџетски совет за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата, со кои за членовите на Судскиот совет на Република Македонија се определува да се исплатат додатоци во висина од 35 отсто од основната плата.

Како што соопшти ЈОРМ, Обвинителството ќе ја испитува основаноста на донесените одлуки за исплата на додатоци на плата за членовите на Судскиот совет и извршената исплата.

Надлежниот јавен обвинител истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со Законот за плати на членовите на Судскиот совет.