Обвинение против вработениот во „Сити мол“ за лажна дојава за бомба

155
Фото: Игор Бансколиев

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против вработениот во обезбедувањето на трговскиот центар „Сити мол“ кој на 29 јануари лажно пријави дека во објектот е поставена бомба.

Обвинетиот 19-годишник, вработен во агенција за обезбедување, од својот мобилен пристапил на интернет страницата www.globefone.com и на неговиот шеф му испратил текстуална порака со содржина „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар, но по полицискиот претрес било утврдено дека станува збор за лажна дојава.

Тинејџерот се товари за лажно пријавување на кривично дело и за него на сила се четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај надлежен државен орган, привремено одземање на пасошот, како и забрана за преземање на работни активности кои се поврзани со кривичното дело.