Обвинение за скопјанец кој телесно го повредил својот татко

133
Во семејна расправија во скопското село Волково син денеска го повредил својот татко. Првин го давел со раце на вратот, а подоцна и му направил расекотина на раката со нож. Основното јавно обвинителство Скопје  до судот достави предлог за обвинение за кривично дело „Телесна повреда“ и за притвор.
 

Јавното обвинителство на РМ соопшти дека осомничениот се товари дека во семејната куќа во село Волково, при семејна расправија, телесно го повредил сопствениот татко, така што започнал да го дави со раце на вратот. По ова, неговиот брат успеал да го оттргне, удирајќи го во пределот на грбот. Обвинетиот паднал на земја, а откако станал зел нож и започнал да замавнува, го удрил таткото во раката, нанесувајќи му раздерна рана.

Доставен е предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои реална опасност дека тој ќе се крие или ќе се даде во бегство, односно дека ќе го повтори делото или ќе стори ново кривично дело.