Ново рочиште за „Титаник 2“

83

Со доказна постапка во која ќе бидат преслушани два телефонски разговори денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето по предметот на СЈО, „Титаник 2“.

Предметот се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, а обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Според прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.