Ново обвинение за Бојан Јовановски

2238

Kривичниот суд во врскасо аферата „Рекет“ објави дека го прифатил во целост обвинителениот акт и за продолжението на ова кривично дело, за активностите на Меѓународниот сојуз. Обвинети се вкупно петмина, меѓу нив се и Бојан Јовановски, но и пратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски.

Покрај Боки 13, обвинет е неговиот татко Миле Јовановски, неговата соработничка во Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, како и Христина Блажевска, асистенката на првообвинетиот. Сите се товарат за дела перење на пари и измама, а пратеничката Ременски се товари за помагање. Обвинението се однесува и на организацијата Меѓународен Сојуз. Судот соопшти дека по проценката на доказите обвинението е прифатено.