Несреќа на автопатот Гостивар – Тетово, автобус прегази маж

354
Фото: Илустрација

Педесет и двегодишен маж почина во сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетово во близина на гостиварската патарина.

Според првичните информации на СВР Тетово, несреќата се случила околу 19 часот кога автобус со гостиварски регистерски ознаки удрил во пешак кој се нашол на коловозот. На местото на настанот дошла екипа на брзата помош, а лекар констатирал смрт на лицетот за кое се претпоставува дека е од гостиварското село Форино.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи врши увид на местото на сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице, информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ).

-Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место и за утврдување на евентуално присуство на алкохол во крвта на возачот на автобусот. Издадена е наредба за вршење обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Гостивар презема дејствија за целосно расчистување на настанот, соопшти ЈОРМ