Несовесен возач удрил мотоциклист и побегнал

484
фото илустрација

Автомобил удрил постар човек што управувал мопед во скопска Кисела Вода, а возачот на автомобилот побегнал од местото на настанот, соопшти полицијата.

Според истиот извор, околу 13 часот на булеварот Борис Трајковски, кај место викано „Чешма“, Ж.Т.(85) бил удрен од непознато патничко возило додека управувал мопед со скопски регистарски ознаки. Веднаш по настанот, возачот на возилото го напуштил местото.

Во незгодата Ж.Т. се стекнал со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.