Нема одлука од скопска Апелација за жалбата на Камчев

332

Апелацискиот суд Скопје денеска одржа седница во врска со жалбата на одбраната на бизнисменот Јордан Камчев да му биде укинат куќниот притвор во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.

Како што информираат од судот, одлука на денешната седница не била донесена.

Во случајот „Империја“ кривично се гонат вкупно 13 лица, меѓу кои Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Во притвор освен Јордан Камчев се и неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“ Цветан Панделески, како и директорот на фирмата „Ексико“ Тодор Мирчевски.

Сите се сомничат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.