Нема нови времени пасоши за Камчев и Панделески?

190

На Орце Камчев и на Цветан Панделески, наводно, нема да им бидат издадени времени патни исправи, откако Обвинителството за гонење на организирање на криминал и корупција даде негативно мислење до Кривичниот суд за барањата на бизнисмените осомничени во истрагата за „Империја“, објавуваат повеќе македонски медиуми, повикувајќи се на извори во обвинителството.

До неодамна, двајцата бизнисмени имаа времени патни исправи, кои им беа дадени по позитивно мислење на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

Во ваква ситуација, Кривичниот суд треба да одлучи дали Камчев и Панделески ќе добијат патни исправи.