Нема да се оценува уставноста на амнестијата за „27 април“

259

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која дел од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се спасија од кривичен прогон. Одлуката ја донесе Уставниот суд, откако судиите ја изласаа одлуката со мнозинство гласови.

Судиите имаа спротиставени мислења, дел од нив сметаа дека не смее да се дозволи Собранието да му даде право на судот да одлучува некој да добие амнестија, а друг да не биде амнестиран. Останатите пак, тврдеа дека не можат да одлучуваат дали Собранието има право да го донесе законот.

Претседателот на Устaвниот суд, Сали Мурати посочи дека никогаш нема да поддржи амнестии кои ѝ штетат на државата, потенцирајќи дека со законот не се дисциплинираат сторителите на кривични дела при упадот во Собранието. Неговиот колега, судијата Насер Ајдари беше дециден дека судот не може да одлучува дали Собранието има право да го донесе законот.

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина е поднесена од Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, додека иницијативата за членот 2 од истиот закон е поднесена од адвокат Јошевска Анастасовска.