Неексплодирана минофрлачка граната пронајдена во подрум

258
фото: Зоран Антоски

В.М. (52) од Кичево во полициската станица вчера пријавила дека на 24 овој месец во подрумските простории од нејзиниот дом, пронашла неексплодирана минофрлачка граната.

Извршен бил увид на лице место во присуство на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и, истата била подигната и предадена на ДЗС за натамошна постапка, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
З.А.