На „Табановце“ приведено лице од Алжир

95
Фото: илустрација

На Граничниот премин „Табановце“ е приведено лице од Алжир, кое употребило туѓ документ за лична идентификација, информира МВР.

-На 26.02.2019 во 20:40 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека Б.Х.Ф.(29) од Алжир употребил туѓ документ за лична идентификација- е наведено во соопштението на МВР.

Од МВР во дневниот билтен соопштуваат дека тој на увид дал грчка лична карта на име Л.Н.(22), но при проверка било констатирано дека не му припаѓа нему.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.