Наместо во самоизолација го пронашле пред кафеана

119

Против 19-годишник од Дебар поднесена е кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

– На 19.7.2020 во 2:30 часот пред угостителски објект на ул. 8 Септември во Дебар полициски службеници го затекнале пријавениот и покрај тоа што бил на списокот за самоизолација, со што не го почитувал решението од Центарот за јавно здравје, со кое му се одредува мерка здравствен надзор и самоизолација во домашни услови во времетраење од 14 дена – информираат од полицијата.