Надрилекар од Неготино продавал скапи креми за повеќе болести

146

Четириесет и шестгодишен жител на Неготино лажно се преставувал дека е поранешно медицинско лице и на сограѓанитер им продавал скапи креми и течности за повеќе болести.

Тој се сомничи за надрилекарство, односно дека од 2015 до 2019 година, со цел да земе пари, без стручна подготовка од надлежен државен орган продавал лекарства за кои наплаќал по 5.000-6.000 денари.

На 18.10.2019 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени лекарствата, а деновиве поднесена му е кривична пријава.