Му дал 1.000 денари на лице со здравствени проблеми за да гласа за одредена партија

126

Жител на Градско вчера дошол во дворот на А.С. (лице со здравствени проблеми) на ул. Борис Трајковски и му дал 1.000 денари за да гласа за одредена политичка партија.

Од страна на полициски службеници извршен бил разговор со П.Е., старател на А.С. и со потврда банкнотата билa одземена. Бил извршен разговор и со П.А., а СВР Велес презема мерки за целосно расчистување на случајот.