Мртов маж пронајден во битолско Олевени

47

Шеесет и шестгодишен жител на битолското село Олевени бил пронајден мртов, а случајот во полиција го пријавил неговиот син.

З.Ц. пријавил дека во с.Олевени-битолско бил пронајден починат (во фаза на распаѓање) неговиот татко П.Ц.(66) од с.Олевени.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.