Мотоциклист повреден во сообраќајка во Скопје

57

Мотоциклист е потешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 10:50 часот на улицата „Скупи“ во Скопје.

Во сообраќајна незгода, како што информира МВР, учествувале мотоцикл „БМВ адвентор“ со скопски регистерски таблици управуван од Б.Х.(48) од Скопје и патничко моторно возило „Хундаи И30“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.П.(50) од Скопје. По незгодата Б.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.