Мотоциклист падна во Вардар од мостот „Близнаци“

1051

На кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Близнаци“ синоќа 28-годишен скопјанец управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал во реката.

М.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.