Мотоциклист загина во сообраќајка кај наплатната рампа Градско

641
фото: илустрација

Мотоциклистот А.Д. (30) од Скопје загина при директен судир со комбе што се случи попладнево околу 16 часот на автопатот Градско – Велес, после наплатната рампа кај Градско.

Според првичната информација од СВР Велес, моторциклистот веднаш им подлегнал на повредите, а екипа на СВР Велес и јавен обвинител е на местото на настанот и ги утврдуваат причините за тешката сообраќајна несреќа.

Д-р Слободанка Ристевска од службата за Итна помош во Велес потврди дека со екипата веднаш по повикот отишле на местото на нестанот, но кога пристигнале мотоциклистот бил веќе починат и тие само ја потврдиле неговата смрт.

– Во комбето немало повредени, информира Ристовска.