Момче удрило во карпа во езерото Матка, со тешки повреди пренесено во болница

398

Деветнаесегодишно момче со тешки повреди било пренесено во болница откако удрило во подводна карпа во езерото Матка.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера. Од Ургентен центар околу 18 и 30 часот било пријавено во полиција дека со тешки телесни повреди бил донесен Ч.Н.(19) од Скопје.

Според пријавеното, околу 18.10 часот Ч.Н., кој бил со друштво на Матка, од висина скокнал во езерото. Според пријавата, најверојатно се удрил во карпа под водата и кога испливал на површина обилно крварел од главата.

Полицијата работи на расчистување на случајот.