Момче тешко повредено по удар со мопед во бетонски ѕид

33

Тринаесетгодишно момче од село Сарај, струмичко, синоќа е тешко повредено откако изгубило контрола врз мопедот што го управувало без регистарски ознаки и удрило во бетонски ѕид од куќа.  

Како што наведуваат од МВР, несреќата се случила синоќа во 20:50 часот во Струмица на улица „Цветан Димов“.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.