Момче се заканувало дека ќе објави компромитирачки фотографии од малолетничка на Фејсбук

79

Жител на село Морани се заканувал дека ќе објави компромитирачки фотографии што ги добил од малолетничка на Фејсбук.

Според информациите на МВР, Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.З.(26) од село Морани – Студеничани, затоа што во текот на февруари во повеќе наврати контактирал со малолетничка на Фејсбук со цел да оствари средба во Скопје.

Тој претходно ја уценувал дека ќе објави нејзини фотографии кои претходно ги добил во текот на комуникацијата преку социјалната мрежа.