Момче нападнато во автобус на ЈСП

438

Четиринаесетгодишно момче вчера било нападнато од малолетни лица во автобус на ЈСП „Скопје“ со број 2. Нападот се случил околу 16 часот на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, случајот во полиција синоќа го пријавила мајката на момчето, К.Ј.(37) од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.