Млад радовишанец загинал кога со мотор удрил во паркирана тракторска приколка

376

Дваесетгодишен возач на мотор „Кавасаки“ загинал во Радовиш кога рано изутринава удрил во паркирана тракторска полуприколка.  

Полицијата соопшти дека рано изутринава околу 2:05 часот на улица „Илија Алексов“ во Радовиш, Д.К.(20) од Радовиш управувајќи мотоцикл „Кавасаки“ со италијански регистарски ознаки удрил во паркирана тракторска полуприколка „ИМТ“.

Од незгодата Д.К. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип каде од страна на доктор е констатирана смрт.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.