Млад кичевец загина од струен удар

406

Вчера околу 17 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во куќата на Ч.Б. од село Грешница, кичевецот Б.З.(18) се здобил со повреди предизвикани од струен удар.

И покрај навремената интервенција на вработените од Медицинскиот центар Кичево, момчето им подлегнало на повредите од ударот.

Полициски службеници извршиле увид на местото на несреќата, а причините допрва ќе се утврдуваат, информира Стефан Димоски од СВР Охрид. З.А.