Младо момче пронајдено мртво во близина на бензинска пумпа

1926

Тело на починато машко лице било пронајдено вчера околу 19 часот во нива во близина на бензинската пумпа „С – Петрол“ во Гостивар.

Од МВР информираат дека увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и бил утврден идентитетот на лицето. Се работи за лицето И.А. (21) од село Вруток, гостиварско.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.