Мијалков: Никогаш не сум дал наредба за прислушување

332

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, демантираше дека давал наредби за прислушување, во своето излагање како еден од обвинетите на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“, односно за нелегалното масовно прислушување, пренесоа повеќе медиуми.

– Не сум имал можност и привилегија да давам такви наредби. Никогаш никому, ни писмено, ни усно, сум дал наредба да изврши какво било дејствие во насока на следење на комуникации – изјави Мијалков, објави СДК.

Поранешниот директор на УБК посочи и дека не бил приложен ниту еден доказ за ваквото тврдење на обвинителството.