Мијалков денес ќе сведочи за случајот „Монструм“

311

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денес е предвидено да сведочи во Кривичниот суд во Скопје на повторената судска постапка за случајот „Монструм“. 

Покрај Мијалков, повикани да сведочат се и Синиша Алексовски, Блерим Беџети, Муса Џафери и Зоран Трајковски.

На претходните рочишта се слушаа материјали од „бомбите“, односно аудио-записи со нивни разговори поврзани со петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро во 2012 година.

На последните неколку рочишта за предметот „Монструм“ сведочеа сведочеа неколку сегашни и поранешни функционери на извршната власт, меѓу кои Зоран Заев, Гордана Јанкуловска, Али Ахмети, Бујар Османи и други.