Мигранти се криеле во цистерна на воз, еден од нив повреден од струен удар

199

Мигрант се здобил со тешки повреди откако го удрило струја на цистерна на товарен воз кај Железничката станица Табановце. Во цистерната имало уште десет мигранти.

Според информациите на МВР, вчера во 15.10 часот на Железничка станица Табановце на цистерна од товарен воз со тешки телесни повреди од струен удар се здобил мигрант кој бил качен на цистерната.

Лицето било пренесено во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Во цистерната биле пронајдени уште 10 мигранти и истите се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.