МЗ: Тринаесетмесечно дете од Тетовско почина од морбили

150

Министерството за здравство соопшти дека синоќа на Клиниката за детски болести починало 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници), кое претходно не било вакцинирано.

Министерството за здравство во соопштението изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација.

Од Министерството апелираат до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет.