Метеж пред Градска болница по носењето на двајца повредени во оружена пресметка

680
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Две лица со повреди по пресметка со огнено оружје во село Љубош биле донесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, информираат повеќе медиуми, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во инцидентот учествувале четири лица, кои се обезбедени, како и нивните возила и оружјето.

Во моментов пред болницата има зголемено полициско присуство. МВР работи на расчистување на случајот.