Менаџирањето околу Заев веќе е смислено и завршено

601

Договори како да се постапи во постапка на СЈО меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски се слуша во снимките кои се објавуваат во судница. Јовановски му објаснува како Јанева ќе постапува во предметот, но и што чекаат да направи судијката Весна Димишкова во врска со притворот.

– Орце срце мое од тоа што се договоривме беше тешко да се менаџира, ради тебе искочија и други”, му вели Јовановски на Камчев, а тој го прашува „Кажи ми сега што се случува?”, по што Јовановски одговора „Да почекаме Весна Димишкова да видиме што ќе направи, да дадеме време до среда или четврток. Во случај да не одлучи ништо, Томи оди кај Катица, за да има оправдување жената бидејќи е организатор… Тука покрај бизнис партнерите, ќе дадат..”,

„Ова беше завршено, ова ти е следно. Мене некои работи ме пореметија. Твоето однесување”, му вели Јовановски на Орце Камчев, објаснувајќи активности кои ќе бидат превземени.

„Еден среда, еден април..”, набројува Камчев и прашува „Како ќе се води постапкава”, а Јовановски одговора “Ќе го земеш пасошот. Ќе ти кажам јас уште во среда. Ако треба нешто да превземете, ќе преземете”.

„Јас земам трошам, инвестирам. Ти може трошиш на себе.. Сакам да речам, сега да имам 10 милиони, сега одма сите ги ставам во бизнис”, му вечи Камчев на Јовановски, на што тој додава „Ти си ја знаеш твојата улога за во среда”, а потоа повторно Камчев вели „Еден милион имаш”.

“Малку активности да има во април”, вели Јанева од позадина кога Камчев му се јавува на Јовановски и му кажува дека 12 лица добиле покани за во СЈО. По ова Камчев вели „Значи шминка, добро”.

„Во ред е ги изразговавме сите работи и нејснотии”, вели Јовановски преку телефон на спикер на Јанева по што таа вика „Добро”, по што, Јовановски кажува како ќе постапат и дека Камчев се плаши од Стефанова. Оваа снимка беше објавена и од весникот „Ла Верита”.

„Ние бизнис тераме, не политика, уценување, не сме научени на тие работи”, рече Камчев а Јовановски му одговори „Добар си ти во разговорите”.

„Менаџирањето околу Заев и целата таа игра. Јас имам веќе смислено, направено. Јас на овој или оној начин ќе го изработам и завршам. Апропо Заев ти кажав и за Жаре. Ти кажав оти стекнав доверба во тебе. Да не случајно ти се испушти пред било кој”, му вели Јовановски на Камчев.