Медицинска сестра напaдната во амбулантата во Шуто Оризари

741

Медицинска сестра вчера била нападната во амбулантата „Шуто Оризари“ поради наод од преглед.

Од МВР информираат дека вчера околу 12:30 часот кај нив било пријавено дека на улица „Индира Ганди“ во ходникот на амбулантата „Шуто Оризари“ медицинската сестра Н.З.(26) била физички нападната од страна на П.А.(33).

Имено, на настанот претходела расправија меѓу пријавителката Н.З. и П.А. заради наодот од прегледот на нејзината ќерка. Потоа П.А. ја удрила пријавителката во пределот на лицето. Се работи на целосно расчистување на настанот.