МВР ја објави потерницата за Никола Груевски

2427

Министерството за внатрешни работи вечерва на веб страницата ја објави потерницата со фотографија од Никола Груевски.

Засега нема информации каде е Груевски и дали полицијата го лоцирала. Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија од постапувањето по потерницата.
 
 

Кривичниот суд во Скопје попладнево во 16.30 часот достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Груевски, откако и зминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна за „Тенк“.