МВР ги истражува причините за пожарот во Министерството за правда

740

Во моментов МВР води истрага што се случило и како дошло до избувнување на пожарот во Министерство за правда во кој целосно беа опожарени канцеларии на четвртиот кат, а се утврдува колкава е направената штета на материјалите, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Тој истакна дека неколку канцерарии се целосно уништени од пожарот, но, како што рече, допрва ќе се утврди до кој степен е направена штетата на одредени материјали.

– На четвртиот кат каде е најголемото оштетување се наоѓа дел од документација за меѓународна правна помош, Одделението за меѓународна првана помош, дел од сметководство и дел од секторот за финанисии на Министерство за правда – рече на денешната прес-конференција Бошњаковски.

Добро е, додаде тој, што нема повредени лица и жртви. Брзата реакција на надлежните, рече, спречила ширење на пожарот на околните згради и објекти.

Пожарот во Министерството за првда избувна вчера попладнето, а бил пријавен во 16,47 часот. Во гаснење на пожарнот интервенирале 10 возила со 25 пожарникари.