Мајката и ќерката во Прилеп биле застрелани од сопругот на ќерката

914

Утрово околу 08 часот во прилепската полиција било пријавено убиство во Прилеп . Од полицијата велат дека екипи на Криминалистичка полиција Прилеп и Полициската станица Прилеп излегле на терен  при што биле затекнати две безживотни тела А.П. (40) и Т.К (64) и двете со прострелни рани.

Според првичните сознанија, во нив пукал 50 годишен маж, кој е сопруг на починатата А.П. и зет на Т.К..
Со прострелни рани се здобило уште едно лице, брат на А.П..

Осомничениот при обид да биде совладан е повреден и заедно со другото повредено лице се пренесени во Градската болница во Прилеп. Под раководство на Јавен обвинител се работи на расчистување на случајот велат од СВР Битола.
Неофицијално причината за убиството биле нарушените односи меѓу осомничениот за убиството и неговата сопруга.
Ка.М.